"Топлификација инженеринг" ќе ја прави студијата за гасификација на земјата

Bez autora
Jul 21 2013

Компанијата "Топлификација инженеринг", која е во целосна сопственост на "Топлификација", потпиша договор со Министерството за транспорт и врски за изработка на идејни проекти и студија за оправданост за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во Македонија. Според соопштението на компанијата објавено на Македонската берза, вредноста на договорот е 66,9 милиони денари или околу еден милион евра, а проектите треба да бидат готови за осум месеци. Студијата треба да даде оценка за оправданоста на изградбата на дистрибутивни системи во сите населени места во земјата. Македонија е поделена на 8 региони и за секој како целина, но и за сите урбани средини ќе се оценуваат можностите и исплатливоста за гасификација, односно колкав дел од домаќинствата, индустријата и од јавните објекти ќе користат природен гас.

"Топлификација инженеринг" ќе ја прави студијата за гасификација на земјатаКомпанијата "Топлификација инженеринг", која е во целосна сопственост на "Топлификација", потпиша договор со Министерството за транспорт и врски за изработка на идејни проекти и студија за оправданост за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во Македонија.

Според соопштението на компанијата објавено на Македонската берза, вредноста на договорот е 66,9 милиони денари или околу еден милион евра, а проектите треба да бидат готови за осум месеци.

Студијата треба да даде оценка за оправданоста на изградбата на дистрибутивни системи во сите населени места во земјата. Македонија е поделена на 8 региони и за секој како целина, но и за сите урбани средини ќе се оценуваат можностите и исплатливоста за гасификација, односно колкав дел од домаќинствата, индустријата и од јавните објекти ќе користат природен гас. Таму каде ќе се утврди економска исплатливост, ќе се предложи изградба на дистрибутивен систем, а за други можеби користење компримиран гас, при што ова второто веројатно ќе биде најисплатлива варијанта за индустриски објекти, оранжерии и слични капацитети што се пооддалечени од главната гасоводна цевка.

Пред две недели на интернет-страницата на владата на Русија излезе документ дека Владата на Руската Федерација го подготвила договорот за создавање крак од гасоводот "Јужен тек" за испорака на гас во нашата земја. Во согласност со документот, во случај на утврдување целесообразност на изградбата врз основа на спроведената анализа на "Газпром" и на "Македонски енергетски ресурси", двете страни ќе основаат заедничка компанија за реализација на проектот со еднакво учество, од по 50%.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik